За поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА) Едвард Сноуден и за основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска се издадени потерници со предупредување „Озлогласени шпиони“.
Службата за безбедност во Министерството за одбрана на САД објави две потерници под име „Озогласени шпиони“ кои се однесуваат на Сноуден и на Асанж.
На потерниците се портретите со описи на Сноуден и на Асанж.
Сноуден денеска побара амнестија од претседателот Барак Обама, пред тој да ја напушти Белата куќа во јануари 2017 година.
Сноуден преку во интервју видео-интервјуто објавено од „Гардијан“ тврди дека неговите откритија биле корсни за САД.
– Мислам, дека ако луѓето ги оценат корисните ефекти, станува јасно, дека од 2013 година законите во нашата земја се сменија. Конгресот, судовите и претседателот, сите ја сменија политиката по тие информации. Нема ниту еден јавен доказ дека некој настрадал од нив, изјави Сноуден.
Во јули Белата куќа ја отфрли петицијата за помилување на Сноуден, кој во 2013 година ја откри американската електронска шпионажа.
Претходно, две американски организации за човекови права – Амнести Интернешенел (АИ) и Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) соопштија дека почнуваат кампања за помилување на Едвард Сноуден, кој побегна од САД и сега живее во Русија.
Основачот на Викиликс во 2010 година објави илијадници тајни американски документи, меѓу нив и документ за војните во Ирак и Авганистан.
Асанж од 19 јуни 2012 година претстојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Еквадор му додели и азил на основачот на Викиликс, но тој не може да ја напушти Амбасадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани
-
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци од ИСИС
-
Градоначалникот на Прилеп го нема 7 дена: Додека Јовановски шета по Европа, градот пропаѓа (видео)
-
Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ праша: Зошто нема потерница по убиецот на Мартин Јанушев?