Како што соопшти МНР, за време на посетата Попоски ќе се обрати пред Израелскиот совет за надворешна политика и Светскиот еврејски конгрес на тема „Случувањата на Блискиот Исток и нивната рефлексија во Југоисточна Европа: Македонски погледи“.Попоски ќе ја посети и Еврејската агенција, а во пресрет на Денот на сеќавање на депортацијата на Евреите од Македонија, во име на Владата на Република Македонија ќе положи венец во Холот на сеќавањето на Меморијалниот центар „Јад Вашем“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.