| четврток, 6 декември 2018 |

Променливо со повремен дожд до крајот на неделата

облацноВо текот на денот ќе имаме променливо облачно време, под влијание на влажен бран попладне и во текот на ноќта со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб  северозападен  ветер.

Температурата ќе достигне до 17 степени.

Под влијание на влажен бран  и утре  ќе има врнежи од дожд, особено претпладнето. На  повеќе места се очекува врнежите да бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и сабота времето ќе биде претежно стабилно, а од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top