| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни здравствени прегледи за младите спортски репрезентативци

Korruptionsproblem im Handball

Во рамки на новите мерки за млади кои денеска ги презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се предвидува и бесплатен здравствен преглед за спортските репрезентативци.

За да се создаде еден спортист не е важно само да тренира, туку и да се грижи за своето здравје. Со проектот Бесплатен здравствен преглед за спортисти ќе им се овозможи на сите репрезентативци во младински категории два пати годишно да имаат редовен спортски здравствен преглед. Спортовите кои ќе бидат опфатени со овој проект се фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, бокс, карате, џудо, борење, теквондо, кик бокс, велосипедизам, кајак, пливање и атлетика, истакна Груевски.

Тој додаде дека услов за да се искористи овој проект е младите да се репрезентативци во минимум два последователни циклуси или категории. Груевски потенцираше дека проектот ќе започне да се реализира од јуни 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top