| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок за заштита на регионот на Охридското Езеро

Тема на состанокот е и идентификацијата на постојни иницијативи за промовирање на одржлив развој на регионот, а ќе бидат презентирани и стратегии за развој на туризмот, меѓу кои и работата на стратегијата за развој на туризмот на општина Охрид.

Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридското Езеро, чија цел е да ја интензивира соработката меѓу централните и локалните власти на Македонија и Албанија, како и во секторите за туризам, урбано планирање, култура и животна средина, денеска во Поградец, Албанија ќе одржи состанок во рамките на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро.

На состанокот треба да се идентификуваат сите можности за мониторниг врз животната средина и биодиверзитетот со што би се придонело во заштитата и управувањето на Светското наследство на Охридскиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top