Претставата „Љубовници“ во петок, 11 март, во 20 часот ќе биде изведена во Центарот за култура Битола.
Режисер на претставата е Катерина Коцевска, а актерската екипа јасочинуваат Билјана Беличанец-Алексиќ, Драган Спасов-Дац, Зоран Љутков и Маја Вељковиќ-Пановска.
Темата е љубов, а преку љубовта го откриваме најискреното и најубавото во нас. „Љубовници“ е драма за љубовта и за бракот, но пред се за најдлабокото и најнепознатото во секој од нас, емоциите. Судбината на бракот сигурно ја кројат двајцата, ја кројат семејствата, ја крои општеството, ја кројат болестите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.