| четврток, 6 декември 2018 |

Нема докази дека солта е штетна за здравјето

Група научници од Универзитетот „Колумбија“ тврди дека засега не постојат цврсти докази дека солта е штетна за здравјето, ниту дека нејзиното избегнување ќе резултира со подолг живот.

Денес на луѓето им се советува контолирано внесување сол во организмот, а во Њујорк рестораните се обврзани јасно да го означат присуството на сол во храната.

– Не пронајдовме јасни знаци дека намаленото внесување сол го намалува ризикот од инфаркт и мозочен удар кај луѓето со нормален крвен притисок – изјавил Лудовик Тринкварт, еден од авторите на најновиот извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top