Викендов, од 11 до 13 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи четвртото издание на „Прво па женско“.
„Прво па женско“ е иницијатива за реобмислување на значењето на 8 Март – Светскиот ден на жената во контекстот на нашето општество денес. Низ отворање нов простор за креативно изразување, размена на информации и знаења и нови можности за соработка и вмрежувања, „Прво па женско“ поттикнува застапување за унапредување на позицијата на жената во современото македонско општество. Оваа година „Прво па женско“ ја слави жената борец.
Настанот ќе се оддржи од 11 до 13.3. во Младинскиот културен центар – Скопје и како секоја година ќе има богата програма исполнета со дискусии, презентации, изложби, филмски проекции, перфроманси, театарски претстави, диџејски сетови и на него ќе учествуваат многубројни учесници од земјата и од странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.