| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени тројца скопјани со килограм марихуана

Тројца скопјани се уапсени со околу еден килограм марихуана. Истражен судија на Д.Ј.(32), В.С.(25) и А.Б.(24) им одредил 30 дневен притвор.

Полицијата ги открила откако добила информација дека Д.Ј. се занимава со препродажба на дрога. Откако почнале да го следат утврдиле дека на 16 овој месец А.Б. телефонски договорил со Д.Ј. купопродажба на еден килограм наркотична дрога марихуана за цена од 700 евра. Истиот ден, околу 16 часот Д.Ј. со моторцикл скутер се упатил во населба Автокомада на ул. „Трифун Хаџијанев“ во близина на Охридска банка каде според договорот го чекале А.Б. и В.С. со ПМВ Мерцедес  со скопски регистарски таблички.

При средбата Д.Ј. му дал на В.С. две црни најлон кеси со наркотична дрога марихуана кои овој веднаш ги оставил во подрумските простории од зграда бр. 10 по што се упатил кон својот дом.

Подоцна В.С. и А.Б. се легитимирани од страна на полициски службеници и се приведени.

Следниот ден, извршен е претрес на домот на Д.Ј. во Скопје и притоа се пронајдени 22 најлон кесички со наркотична дрога марихуана. Тројцата пријавени се регистрирани во евиденциите на МВР како сторители на кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top