| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно, свлечиште на патот Кочани-Делчево

архива

архива

На патниот правец Кочани – Делчево кај браната Калиманци има свлечиште и сообраќајот се одвива по една лента. Екипите на Македонија пат работат на негово отстранување. Се препорачува внимателно возење, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојба на патиштата.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Неготино – Гевгелија е намалена од 50 до 100 метри и кај Кула до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата трае до 15 овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top