Првата модена имејл порака Томлинсон ја испрати во 1971 година. Тој ја испраќаше од една машина до друга, која беше поставена непосредно до првата. За таа цел тој го користеше системот Арпанет, компјутерска мрежа развиена за американската влада која важи како претходник на интернетот. И Томлинсон придонесе за развој на мрежата и важеше за пионер во компјутерскиот свет. Сето тоа се случуваше во време кога речиси и немаше човек кој поседува компјутер.
Затоа, омиленоста на личните имејл-пораки се случи многу години подоцна. Сега, имејлот е интергален дел на модерниот живот. „Воопшто немаше налог да измисли такво нешто, тој едноставно испробуваше, бараше нешто што може да се прави со Арпанет“, раскажува Џојс Кузман, портпаролка на фирмата „Рејтеон“ за која работеше Томлинсон. Тој самиот пак, велеше дека во тоа време точно знаел што прави, но немал претстава дека неговиот изум ќе има толкаво влијание врз животот.
Што го напишал во својот прв мејл, не знаеше ниту самиот Томлинсон. Содржината на текстуалната порака била „сосема неважна“, поради што и ја заборавил, изјави Томлинсон во едно интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.