| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновски: Судиската комисија ќе предложи ригорозни мерки за судиите на мечот Кожуф – Тетекс

emil bozinovski

По инцидентот што се случи на крајот на натпреварот меѓу Кожуф и Тетекс, во рамките на 16. коло од Втората фудбалска лига на Македонија во кој учествуваше и асистентот на главниот судија, со своја реакција на сајтот на ФФМ се претседателот на Судиската комисија, Емил Божиновски.

– По направената анализа на натпреварот, по детален преглед на снимката од мечот ФК Кожуф – ФК Тетекс и по консултација со сите членови на судиската комисија ќе побараме ригорозна казна за судиската четворка на натпреварот од 16. Коло во Втората фудбалска лига. Недопустливо е судии од таков ранг да го рушат кредибилитетот на нашата организација. Направени се очигледни грешки во неколку ситуации, а крајно недопустлива е постапката на асистентот на главниот судија по завршувањето на натпреварот. Судиската четворка нема да биде делегирана во понатамошниот дел од првенството сѐ до целосно констатирање на вината на секој од нив поединечно. Ние како судиска комисија ќе предложиме најригорозна санкција – изјави Емил Божиновски, претседател на Судиската комисија на ФФМ.

Во однос на натпреварот свој исказ ќе дадат сите официјални лица на натпреварот, по што доколку постои основано сомнение дека од страна на некои од официјалните лица на натпреварот се направени дејства кои го загрозуваат интегритетот на натпреварот, ФФМ (оддел за интегритет на натпреварување), согласно со своите надлежности ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните државни органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top