Српскиот пејач Саша Ковачевиќ на 19 март ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“. По тој повод, во интервјуто за неделникот „Република“ зборуваше за неговата кариера, песните, тајната на огромната гледаност на неговите видеоспотови на „Јутјуб“, но и за искуството во Македонија.
– Во Македонија сакам навистина сѐ. Од добрите луѓе, добрата храна, добрата енергија, до добрите концерти, што е, се разбира, најбитно – вели Ковачевиќ.
Бидејќи во Македонија доаѓа од почетокот на неговата кариера, повеќе од десет години, вели една случка секогаш го потсетува на нашата земја.
– Би издвоил две прекрасни девојки, Емилија и Маја, баш пред два-три дена повторно се сетив на нив и на таа случка. Кога имав 17-18 години и првпат доаѓав во Македонија, тогаш го имав издадено првиот албум, тие ме пречекаа на аеродром со кукла и ете, оттогаш до денес трае нашето пријателство, посебно со Емилија, која е многу често на моите настапи, а Маја неодамна доби бебе – вели Ковачевиќ.
Разговараше: Марина Костовска
Фото: Александар Ивановски
Целото интервју може да го прочитате во последниот број на „Република“, кој од вчера е во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


