Иако посмртните останки на Екрем Јевриќ требаше да бидат погребани денес, погребот е презакажан поради обдукција, со што ќе се утрври точната причина за смртта.
Јевриќ почина во својот автомобил вчера, пред семејната куќа во Њујорк, а телото го пронашол неговиот син. Неговата соруга навела дека тој имал слабо срце и најверојатно причината за смртта е срцев удар, но телото сепак е предадено на обдукција.
Јевриќ ќе биде погребан утре на гробиштата Вашингтон на Лонг Ајленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.