| четврток, 6 декември 2018 |

Игбала Јервиќ: Да, вистина е, почина мојот Екрем

Екрем Јервиќ починал утринава во Америка, во Њујорк на 57 години потврди неговата сопруга Игбала Јервиќ.

ekrem3

– Не можам многу да зборувам. Утринава тргна на работа во пет часот. Влезе во автомобилот и тука почина. Не го ни вклучи. Го однесоа во болница, сега ги чекаме наодите од докторите. Имаше слабо срце – изјавила во телефонски разговор за српски медиуми неговата сопруга.

Јервиќ стекна слава со хитот „Куќа, работа“ и учество во реални шоуа. Најверојатно починал од срцев удар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top