| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски ќе ги посети војниците стационирани на јужната граница

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија стационирани на јужната граница.

На котата 59 со Грција се очекува Јолевски да разговара со војниците на АРМ кои ја обезбедуваат границата поради мигрантската криза.

Според податоците на МВР досега на територија на Македонија од Грција од 1 јануари до четвртокот на полноќ биле издадени потврди на вкупно 88. 644 странски државјани. Најбројни се државјаните на Сирија-43.886, Авганистан-26.546 и Ирак-18.209.

Од другата страна на границата во Грција односно во Идомени за влез во Македонија чекаат неколку илјади бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top