| четврток, 6 декември 2018 |

Многу му е тешко – политичар се жали дека ништо не работи, а зема плата

Еден кипарски функционер ја разбранува јавноста во земјата бидеќи му напишал писмо на претседателот на државата во кое се пожалил дека веќе една година зема плата, а не работи ништо.

Мариос Друстоис навел дека не завршил ниту една работа откако лани во февруари бил именуван на фунцкијата заменик министер за енергетика, трговија и туризам за да контактира со странски инвеститори во врска со проектот од својот ресор.

Тој тврди дека не добил никакви задолженија и неговите претпоставенеи не му довериле ниту една задача откако стапил на должност. Иронично додава дека би можел да остане дома во тоа време и држава би заштедила на сметки.

Тој на прес конфренција одбил да ги коментира овие тврдења.

Од друга страна кипарскиот министер за енергетика, трговија и туризам ги нарече ова „клевета на државната функција“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top