| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците ќе ги истражуваат корените на галичаните

Медицинскиот факултет во Љубљана почна проект чија цел е да го дефинира генетски профил на луѓето кои се родени и кои потекнуваат од Галичник, пишува весникот „Нова Македонија“.
– Овој проект се надоврзува на проект што се занимавал со генетско профилирање на жителите на Словенија. Галичник е одбран бидејќи, историски гледано, бил една релативно затворена средина, во која гените на предците се конзервирани и зачувани. Се очекува овој проект да даде информации за потеклото и за да се направи споредба со другите народи кај кои има спроведено вакви студии. Анализата е анонимна, не се потребни податоци, освен податокот дека сте од Галичник или дека сте потомок по едниот родител. За да се добијат научно издржани информации, потребно е да се соберат околу 100 примероци плунка. Земањето примерок трае неколку минути – стои во повикот за пријавување, кој деновиве се прошири на социјалните мрежи.

Galicka svadba 2014 20 (Custom)

Носител на проектот во Македонија е „Адриалаб“, односно д-р Ана Момировска, но оттаму засега не коментираат ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top