| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со препорака, одложување на фудбалските натпревари во Скопје

vardar-horizont

Министерството за внатрешни работи (МВР) упатила препорака до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да се одложат мечевите од претстојното 21 коло во Првата лига, кои се закажани да се одиграат во Скопје и тоа дуелите Работнички – Шкупи и Шкендија – Младост Царев Двор.

Поради последните случувања во Бутел околу изградбата на крстот, МВР ја упатила препораката до ФФМ, па двата дуели закажани во Скопје ќе мора да се одложат или да се играат во друг град.

– Добивме препорака од МВР за да се одложат мечевите во Скопје или да се играат во друг град. Шкендија веќе го презакажа својот меч со Младост Царев Двор за в понеделник на Чаир, додека сѐ уште чекаме одговор од Работнички. Ние им пративме можни алтернативи, но на нив е да одлучат – вели комесарот за натпреварување во ФФМ, Васко Дојчиновски.

Работнички има опција да игра во Велес, но без гледачи, или да бара алтернативен друг терен, како Пробиштип или Охрид. Користењето на Националната Арена „Филип Втори“ е невозможно, сооглед дека во вторник игра Вардар против Брегалница, а лошата состојба на теренот не дозволува да се одигра меч во понеделник и 24 часа потоа да има друг меч. Од таборот на дебармаалци најавија дека својот меч ќе го одиграат в недела и дека бараат терен надвор од главниот град.

В сабота од 14 часот во Втората лига е предвиден еден меч во Скопје и тоа во Ѓорче Петров, каде ќе се игра дуелот на поранешните шампиони Македонија ЃП – Победа, но сѐ уште нема информација за дали овој меч ќе се одигра.

– See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/mvr-zabrani-fudbal-vo-skopje#sthash.cO1CKYMR.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top