На точно три месеци до шестото издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ кое ќе се одржи на 4 јуни во Младинскиот културен центар,е најавен еден од најуникатните бендови од Јужна Америка, чилеанскиот состав „Фолакзоид“.
„Фолакзоид“ почнуваат со работа пред седум години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле.
Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера.
Во нивниот најнов албум, „ III“, бендот сака да го прошири и збогати звукот со создавање атмосфера главно со монохорди и со повторувања.
Откако сами го снимаат и миксаат албумот во нивното студио во „BYM Records“, тие соработуваат со германскиот електронски маестро, Атом ТМ, за да им даде душа на синт деловите во албумот.
Повеќето од звуците што тој ги даде беа атонични електронски звуци, обидувајќи се да постигне цврсти фреквенции и семплувани органски гличови. Прв „газда“ на сајзерот Корг на кој свири Атом ТМ е Флоријан Шнајдер ид „Крадтверк“.
Албумот „III“ е минималистичко звучно патување во четири дела во кое можете да слушнете како музичкиот јазик на „Фолакзоид“ се развива во нешто пооптимистично, поопскурно и остро, а истовремено поедноставно во однос на елементите.
Во текот на минатата година, бендот отсвире повеќе од 80 концерти, меѓу кои и на „Примавера саунд фестивал“(и во Порто и во Барселона), на „АТП фестивал“ во Британија, „Мјзуик волантес“, во Лион, и на „Лолапалоза“ Чиле. Концертите за најновиот албум „III“, го раширија нивниот замаглен госпел и на уште поширока публика.
Издаваат за една од најактивните и најинтеренси издавачки куќи денес – њујоршката „Sacred Bones Recоrds“.
На шестото издание на „Здраво млади“ најавени се настапите на „Вуден виздам“ диџеј сет на Елајџа Вуд и Зак Коуви и диџеј Фиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.