| четврток, 6 декември 2018 |

„Геопоетика“ од Белград го објави „Историјата на луѓето кои умреа од страв” на Ермис Лафазановски на српски јазик

Преводот е на академик Ристо Василевски, а е објавен со поддршка на Фондацијата С. Фишер на мрежата Традуки.

– Антропологијата на стравот, како и манипулативните стратегии кои стравот го користат како секојдневно оружје за затапување на чувството за објективност се клучни теми што преовладуваат во романот. Ликовите во текот на целото дејство се суптилно изложени на најразлични застрашувања чија цел е од поединците да направат послушен колектив…

Со својот несекојдневен роман Лафазановски го потврдува своето високо, неприкосновено место во современата македонска проза, нудејќи роман кој ги катапултира неговите луцидни постапки во впечатливо и комплетно дело, пишува во редакциската белешка за романот.

Ова е втор роман на Лафазановски кој за кратко време е објавен на српски јазик.

Во 2013 година овој белградски издавач го објави и неговиот роман „Храпешко”, исто така во превод на академик Василевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top