Министерството за економија соопшти, дека до крајниот рок не е пристигната ниту една понуда на јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски – Борче (ОХИС).
Од Министерството велат дека во наредниот период ќе ја информира Владата за исходот од јавниот повик, со цел да се разгледаат сите можни опции и да се добијат насоки за изнаоѓање трајно ефикасно решение за постигнување целосна реформа на друштвото, стратешко партнерство со инвеститор и натамошно успешно деловно работење на ОХИС АД Скопје.
Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавниот повик за продажба на ОХИС истече во вторникот, а крајниот рок за доставување понуди денеска во 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.