| четврток, 6 декември 2018 |

Шоуто не е започнато, а една пејачка веќе направи скандал во ТЛЗП

Во недела на „Сител“ започнува третата сезона на „Твоето лице звучи познато“, во која македонски претставник е Даниел Кајмакоски. Пејачот ќе треба да го долови ликот и ставот на Џибони.

Да ја имитира колешката Весна Змијанац, пак, и се падна на пејачката Славица Чуктераш.

slavica-cukteras-foto-printskrin-instagram-1457080113-856563

Иако се враќа на сцената по долг престој во Италија, па Јапонија со своето момче таа веднаш бара третман на вистинска ѕвезда, пишува српски „Курир“. Чуктераш била бесна што и се паднала оваа задача.

– Полна е со себе. Малку комуницира со остатокот од екипата и сака се да биде по нејзино. Кога во првата емисија доби задача да биде Весна Змијанац, тоа воопшто не и се допадна и едвај прифати. Сепак најтешко и е кога мораше да се маскира. Имаше забелешки на шминката, на маската – пишува порталот повикувајќи се на извор од продукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top