Во недела на „Сител“ започнува третата сезона на „Твоето лице звучи познато“, во која македонски претставник е Даниел Кајмакоски. Пејачот ќе треба да го долови ликот и ставот на Џибони.
Да ја имитира колешката Весна Змијанац, пак, и се падна на пејачката Славица Чуктераш.
Иако се враќа на сцената по долг престој во Италија, па Јапонија со своето момче таа веднаш бара третман на вистинска ѕвезда, пишува српски „Курир“. Чуктераш била бесна што и се паднала оваа задача.
– Полна е со себе. Малку комуницира со остатокот од екипата и сака се да биде по нејзино. Кога во првата емисија доби задача да биде Весна Змијанац, тоа воопшто не и се допадна и едвај прифати. Сепак најтешко и е кога мораше да се маскира. Имаше забелешки на шминката, на маската – пишува порталот повикувајќи се на извор од продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.