Началникот на разузнавачката управа на американското Министерство за одбрана, генерал потполковник Винсент Стјуарт, призна дека секој политичар посакува да биде популарен како рускиот лидер Владимир Путин.
Во текот на седницата на американскиот Сенат генерал беше замолен да даде коментар за тоа дали „тешкотиите и економијата можат да се одразат врз лидерството на Путин“.
Стјуарт призна дека „изведувањето (на воени) операции и состојбата во економијата можат да доведат до загриженост“, пренесува „Блиц“.
– Меѓутоа, доколку го погледнете рејтингот на Путин, мислам дека секој од нас би посакал да биде толку популарен како што е тој во Русија – наведе американскиот генерал.
– Русите имаат проблеми со економијата, проблеми со демографијата. Меѓутоа, јас не гледам знаци дека Путин нема да се одржи на власт до крајот на својот претседателски мандат, што трае уште околу една година – рече Стјуарт.
Освен тоа, Стјуарт наведе дека „луѓето сметаат дека Путин е силен лидер, со кој Русија може да му се спротивстави на Западот и да го заземе своето место на светската сцена и со тоа да ја покаже историската желба да доминира со светот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.