| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средби со граѓаните на Штип (ФОТО)

Од мониторираните 14 денови, во првите три не е надмината законски пропишаната Асфалтирањето на улиците доизградбата на фекалната канализациска мрежа, решавањето на проблемот со водата за пиење  и оградувањето на спортските игралиште се клучните работи што жителите о штипската населба Горна и Долна Железничка побараа да им бидат решени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski1-1

Груевски заедно со градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев денеска ја посети оваа населба со цел да се запознае со проблемите со кои се соочуваат жителите и да помогне во нивното разрешување. Градоначалникот на Штип ги информира жителите дека до крајот на април целосно ќе заврши асфалтирањето на сите улици во населбата, а до крајот на годинава треба да им се реши и проблемот со фекалната канализација и со водоводот.

– Ние претходната година завршивме 3,5 километри улици во населбата Железничка од кои најголемиот број беа во населбата Долна Железничка. Сега заврши тендерот за сите улици во Горна и Долна Железничка и до крајот на април ќе бидат целосно завршени и асфалтирани. Канализацијата и водоводот ќе ги завршиме до крајот на годинава, а за осум дена  треба да заврши тендерската постапка, порача Захариев на средбите со граѓаните.

gruevski

Постарите лица изразија задоволство од тоа што ресторанот од поранешната касарна е претворен во пензионерски дом, а младите побараа да им се оградат двете ново направени спортски игралишта, а едното да се доопреми со кошеви.

– До крајот на годинава  првите 92 апартмани во ресторанот од касарната ќе бидат готови. Зградата е направена и покриена и и претстои внатрешно уредување. До крајот на годинава во апартманите ќе се сместат нашите пензионери кои досега мораа да одат во Куманово, Прилеп или Скопје во пензионерски домови, рече Захариев.

gruevski3

Најави дека до крајот на јуни ќе биде оградено горното игралиште и делот покрај железничката пруга од долното игралиште.

Како горлив проблем граѓаните го истакнаа и превозот на 40. деца од оваа наслеба до централното основото училиште  за што градоначалникот Захариев информира дека претходниот директор на училиштето не распишал тендер со образложение дека не им следува превоз на децата, бидејќи имаат подрачно училиште кое е оддалечено помалку од еден километар.

– Сепак има деца кои се запишани во центрралното училиште пред да се изградиподрачното. Новиот директор вети дека ќе распише тендер, бидејќи голем дел од децата од оваа населба учат во централното основно училиште кое е оддалечено повеќе од два километри и им следува бесплатен превоз, информира Захариев.

gruevski2-1

Нагласи дека општината веќе обезбедила средства за бесплатен превоз и останува само новата директорка да распише нов тендер и да направи анекс договор со посточекиот превозник.

Вети дека во наредниот период ќе се разгледа и барањето на жителите за изградба на детска градинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top