| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот претседател утре ќе распише предвремени избори

Српската Влада денеска му предложи на претседателот на Србија, Томислав Николиќ да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори.

tomislav-nikolic-nemanja-pancic-1398503155-486489

Предлогот уследи откако премиерот Александар Вучиќ изјави дека има потреба од нов мандат за да ги спроведе реформите и да ги доврши преговорите за членство во Европска унија.

Николиќ утре на пладне ќе го потпише указот за распуштање на Парламентот и ќе распиште парламентарни избори, две години пред редовните избори, јави ТАНЈУГ.

Согласно српскиот Устав, изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од денот на распишување на Собранието. Вучиќ најави дека изборите најверојатно ќе се одржат на 24 април.

Владејачката Српска напредна партија има висок рејтинг и се очекува Вучиќ да обезбеди втор премиерски мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top