| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчето што нападна полицаец во Хановер поврзано со ИД

Германските власти се сомневаат дека 15-годишното девојче кое минатата недела со нож прободе полицаец во Хановер, било поврзано со групата Исламска држава (ИД).

germ

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, претставник на Јавното обвинителство во Хановер за весникот „Фокус“ потврдил дека се испитува можноста нападот врз полицаецот да бил организиран од членови на ИД.

Според весникот, полицаецот бил прободен во вратот, но неговиот живот не е во опасност.

Девојчето за кое постои сомнеж дека е поврзано со членови на ИД има германски пасош, но по потекло е од Мароко. Пред нападот, девојчето патувало во реонот на турско-сириската граница.

Во Хановер лани во ноември беше спроведена масовна полициска акција, откако во близина на стадионот на кој требаше да играат фудбалските репрезентации на Германија и Холандија, полицијата откри план за териристички напади. На мечот требаше да присустуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и неколку владини министри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top