Пучиновата страстна адаптација на класичниот роман „Манон Леско“ е опера во четири чина, композирана меѓу 1890 и 1893 година. Оваа сабота, 5 март во 18.55 часот, ќе имаме можност да ја гледаме директно од Метрополитен операта.
МАНОН ЛЕСКО (ПУЧИНИ)
САБОТА, 5.МАРТ 2016, ВО 18:55ч
ВО ЖИВО (3ч 33мин)
Диригент: Фaбио Луиси
Композитор: Џакомо Пучини
Режисер: Ричард Ejр
Улоги: Кристина Ополаис (Манон), Џонас Кауфман (Витез де Грије), Масимо Кавалети (Леско), Бриндли Шерат (Жерон де Равоар)
Кристина Ополаис и Џонас Кауфман се во улога на двајца несудени љубовници, водечки ликови на операта „Манон Леско“, Пучиниовата адаптација на класичната новела за девојка со слободен дух, која станува популарна во Париз. Новата продукција на Сер Ричард Ејр, креирана во 1940 година, го обединува со сценографот Роб Хаувел, неговиот соработник на неодамнешните Мет продукции „Свадбата на Фигаро“, „Вертер“ и „Кармен“. Главниот диригент на Мет, Фабио Луиси ја диригира новата поставка, на која настапуваат Масимо Кавалети како Леско, наредник на кралската гарда и брат на Манон Леско .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.