Проекцијата на документарниот филм „Велосипеди vs возила“ ќе се одржи денеска (четврток), во Кинотека на Македонија, со почеток од 20:00 часот.
„Велосипеди vs возила“ е американски документарен филм за велосипедите и за нивниот потенцијал како алатка за промена. Го нагласува конфликтот во градовите меѓу велосипедите, автомобилите и зголемената зависност од фосилни горива.
Филмот зборува за тоа кое е местото на одржливите начини на превоз во политиката и на улица, како градовите се трансформираат во автоцентрични под влијание на различни притисоци и интереси, но и како преминуваат кон мултимодалност поради подигнувањето на свеста во денешно време.
Во ситуација со сè поголем метеж и нездраво долго време поминато во автомобилот, климатски промени и жртви на улиците, се сфаќа дека не постои град во светот што квалитетно го решил прашањето на мобилноста базирајќи се само на автомобилот. Се случува промена на парадигмата паралелно на повеќе меридијани во светот. А промената почнува од долу, од обичните граѓани! Го имаат велосипедот како алатка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.