Паричникот е еден од работите без кои никогаш не излегуваме од дома.
Поради тоа во народот е врежано верувањето како дополнително да се подобри „работата“ на паричникот. Дури и ако сте од тие што не сакаат да го носат, тој сепак може да ви донесе среќа со парите и тоа така што во него постојано ќе чувате пари, редовно од него ќе земате, но и ќе враќате пари.
Мажите, пак, би требало да носат кафени паричници со златни детали, поради тоа што земјената боја означува стабилност, па со тоа и таквиот паричник би требало да обезбедува стабилни приходи.
Народното верување, исто така, налага паричникот секогаш да си го купите сами, за да ја избегнете лошата карма, која преку него може да ви ја проследи тој што ви го подарува. Доколку, пак, сте решиле да прифатите паричник на подарок, во него би требало да има и некоја банкнота.
Кога сте ги исполниле претходните услови, време е во паричникот да ставите и пари. Многу е важно банкнотите да бидат уредно сложени за да не ја блокираат енергијата на вашите финансии.
Покрај тоа, во партичникот никогаш не носете сметки, било да се платени или не, бидејќи со тоа ќе ја влечете енергијата на плаќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.