Шенгенскиот режим нема алтернатива во решавањето на мигрантската криза, оценија денеска во Загреб претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, кои при тоа ветија помош за Македонија која се соочува со голем прилив на бегалци.
- Пред се ќе бидам јасен, шенгенските правила немаат алтернатива, само почитувањето на Шенгенот може да биде темел за сеопфатно европско решение на кризата – изјави Туск на заедничката пресконференција со Орешковиќ во Загреб.
Туск престојуваше во Загреб во рамките на неговата турнеја низ земјите од балканската бегалска рута во пресрет на самитот ЕУ Турција, на кој би требало да се донесе сеопфатен европски план за бегалската криза. Од Загреб Туск отпатува за Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти