| четврток, 6 декември 2018 |

Туск­-Орешковиќ: Шенгенот нема алтернатива за решавање на бегалската криза

tusk

Шенгенскиот режим нема алтернатива во решавањето на мигрантската криза, оценија денеска во Загреб претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, кои при тоа ветија помош за Македонија која се соочува со голем прилив на бегалци.

-­ Пред се ќе бидам јасен, шенгенските правила немаат алтернатива, само почитувањето на Шенгенот може да биде темел за сеопфатно европско решение на кризата – изјави Туск на заедничката прес­конференција со Орешковиќ во Загреб.

Туск престојуваше во Загреб во рамките на неговата турнеја низ земјите од балканската бегалска рута во пресрет на самитот ЕУ­ Турција, на кој би требало да се донесе сеопфатен европски план за бегалската криза. Од Загреб Туск отпатува за Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top