Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека не добил никаква покана да биде сведок на денешното судско рочиште во случајот „Пуч“.
– Ниту сум знаел дека треба да се појавам денеска на суд, ниту пак некој ме известил. Еве ако имаат некаква белешка слободно нека ја покажат во јавноста. Но, јасна е работата зошто се прави сето тоа. Јасно е дека се сака да се одолговлекува тој случај. Се бараат разни изговори, па дури се заплеткуваат и во сопствените изјави од типот наредниот пат ќе бидам повикан, другиот дека сум бил повикан, а не сум се одѕвал, рече Груевски.
Според него, специјалната обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ многу добро знаеле дека тој не е повикан во судот.
-Значи, уште еднаш ќе повторам. Ниту сум бил повикан, ниту имам покана, ниту воопшто сум знаел дека требало да бидам сведок денеска на рочиште. Тоа и госпоѓата Јанева и господинот Заев многу добро го знаат. Меѓутоа, очигледно е дека некому му требало изговор да се одложи рочиштето денеска и да купат уште еден месец. Мислам дека се купува време и тоа е стратегијата, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Груевски денеска имаше средби со граѓани и ја посети Општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски