| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некои кои пушат цигари доживуваат и сто години?

Научници долго време прочувале лица кои пушат цигари и живеат долго и забележиле дека една работа им е заедничка, а тоа се гените на долговечноста.

Сите оние кои пушат цигари знаат дека поради нивната навика здравјето им е загорзено и ризикуваат прерана смрт. Но, некои и покрај тој ризик долго живеат. Американските научничи откриле дека некои лица кои пушат цигари доживуваат долга старост, а на тоа може само да им заблагодарат само на гените.

Ним тие гени им овозможуваат да бидат поотпорни на штетните материи на цигарите, но генерално и на другите загадувања околу нас.

Оние кои имаат такви гени имаат вкупно 11 отсто помалку шанси да добијат некој вид рак.

– Кај лицата кои долго време пушат цигари откривме низа генетски маркери кои се исти како маркерите кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не пушат цигари. Тие гени функционираат така што го поттикнуваат брзото заздравување на клетките и ја поттикнуваат нивната подобра отпорност на низа штетни навики на кои луѓето се изложени, вклучувајќи го и пушењето – изјави научникот Морган Ливајн за „Дејли мејл“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top