За Хју Глас, ловецот на дабари, инспиррацијата за филмот „Повратник“ не се знае многу. Живеел на почетокот на 19 век на американскиот запад и всушност е помалку позната верзија на прославениот војник и народен херој, Дејви Крокет. Тоа што се знае за Глас всушност се претпоставки, пишува британскиот Телеграф. Тоа пак што се знае е дека Глас бил писмен.
Единствен сочуван документ се писмата кои ги пишувал на родителите на својот пријател, откако тој загинал во борбите со индијанците од племето Арикара. Името на Хју Глас се споменува и во извештаите на шефовите на неговите работодавачи, кои го опишале како вреден, но пргав и тежок за соработка.
Позната е и приказната за нападот на мечката, што всушност е и единственото нешто по што останал запаметен. Набрзо приказната станува легенда, а благодарејќи на адвокат од Портланд, преку медиумите станува позната во цела Америка.
Џон Т. Колмен, професор од универзитетот Нотр Дам во Индијана долго го истражувал неговиот живот, но се сомнева во вистинитоста на приказната. Таа приказна ги потврдува мислењата за животот на западот на Америка. Мажите, вели порфесорот, заради животот во суровата природа станале поотпорни, па затоа за луѓето тоа биле вистинските Американци , силни и борбени, за разлика од нежните Европјани.
Нападот на мечката за што немало сведоци се случил во летото 1823 година, по пет месеци откако Глас се придружил на ловците на крзно во Јужна Дакота, а пприказната додава дека се случил во близина на реката Мисури каде налетал на мечка со мечиња.
Уплашената мечка му скокнала и му нанела тешки повреди на главата , вратот и нозете. Траперите го слушнале кога барал помош, дотрчале и ја убиле бесната мечка. Неговите повреди биле толку страшни што никој не помислувал дека ќе преживее. Затоа оставиле двајца кои би биле со него до неговата смрт, за да го закопаат, а за тоа ги одредиле Џон Фицџералд и еден од најмладите, Џим Бриџер.
По два дена чување, двајцата се уплашиле дека другите ловци се одалечиле премногу, па решиле да го остават Глас. Ископале плитка дупка каде го ставиле оставајќи го на судбината.
Но, Глас се разбудил и сфатил дека е сам. Со тешки рани и надчовечка сила по шест недели успеал да дојде до најблискиот извор на вода. Детали од оваа приказна се опишани во неколку наврати. Прво во „Песната за Хју Глас“ од 1915 година, потоа во романот „Господарот Гризли“ на Фредерик Манфред од 1954, па и во филмот „Човекот во дивината“ од 1970 година.
Легендата вели дека за да преживее Глас јадел змии, како и дека кога се разбудил од кома, видел гризли како му ги лиже раните. Според некои податоци тој пропешачил 320 километри за да дојде до местото каде биле луѓето кои го оставиле за да им се одмазди. Вистинската приказна вели дека тој навистина ги пронашол Фицџералд и Бриџер, но не ги убил туку им простил.
Во секој случај, приказната на филмот „Повратник“ е базирана на легенда, па не може да се утврди точноста колку тој е близу вистинските сллучувања, но бидејќи е уметничко дело, тоа и не е толку битно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.