Трите порази во низа на стартот од АБА-лигата и низата повреди на играчи од стартната петорка се причините што управата на МЗТ Скопје Аеродром се реши за ангажирање на Србинот Стефан Синовец, кој потпиша договор до крајот на сезоната.
Станува збор кошаркар кој одлично ја познава средината во која доаѓа, со оглед што претходно двапати настапуваше на сино-белиот тим. Синовец првпат во „Јане Сандански“ дојде во 2013 година по што ја одигра целата сезона по што замина во унгарски Шолнок, каде што не се задржа многу по што се врати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром. Минатата сезона ја мина во Словенија во екипата на Крка.
Српскиот интернационалец игра на позицијата бек-шутер, а по потреба може да помогне и на позицијата ниско крило, која е дефицитарна по повредата на Ѓорѓе Дреновац. Во досегашната кариера, која ја почна во српска Визура, има играно уште и за Партизан, Металац Ваљево, Раднички Крагуевац и Химик.
Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува в недела на дуелот на домашен терен против Цибона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент