Моника Левински не беше номинирана за Оскар, но не го пропушти овој гламурозен настан.
Моника Левински (42) се појави на Венити Фаир забавата по доделувањето на Оскарите. За таа прилика облекла црна фустан на прерамки, плико чанта и златни високи потпетици.
Таа моментално работи како еден од уредниците во магазинот „Венити Фаир“ и тоа откако во 2014 година напиша есеј за случајот Клинтон во 5000 зборови. Таа приказна под име „Срамота и преживување“ подоцна освои награди.
Во 1998 година беше откриено дека тогашниот претседател на САД Бил Клинтон имал афера со секретарката во Белата куќа. Тој најпрвин го негираше тоа но подоцна признал дека ја изневерувал сопругата со Моника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.