Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, во источните делови променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален слаб дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Во четврток попладне се очекуваат повеќе врнежи од дожд, а повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.