Режисер од Тетово, вработен во Домот на културата во градот, се обидел да има секс со две малолетни девојчиња.
Како што информираа од тетовската полиција, девојчињата, на возраст од 16 и 17 години, пријавиле дека настанот се случил во една од канцелариите на Домот на културата. Педесет и петгодишниот маж ги повикал девојчињата на кафе и почнал да им прави муабет за сексуални потреби и за тоа како се изведуваат тие.
Кога девојчињата виделе што се обидува да направи режисерот, веднаш им се јавиле на родителите и го пријавиле случајот во полиција. Режисерот веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.