| четврток, 6 декември 2018 |

Еве колку пластика јадете секој ден

Алармантниот извештај од Здравствено-научниот центар од Тексас покажува дека поголемиот дел од храната што најчесто ја јадеме и ја купуваме во супермаркетите, вклучувајќи ги и млечните производи, месото, зачините, пијалаците и слично, е контаминиран со различни хемиски состојки наречени фталати.

univerzitet

Здравствено – научниот центар во Хјустон

 Фталатите најчесто се користат за омекнување пластика, а обично може да се најдат и во шампоните, детергентите, препаратите за чистење, лосионите за тело и  во завесите за бања. Но, новите истражувања покажуваат дека мала количина може да се најде и во пакуваната храна.

– Кога фталатите се додаваат на пластиката, не се соединуваат во целост, што значи дека тие може да се  пренесуваат преку воздухот, кожата и водата – вели д-р Кристофер Окнер, кој работел на студијата.

phthalates

Хемиска формула на фталатите

 Ова е страшен факт бидејќи фталатите се поврзани со ракот на дојката, проблеми при раѓање, дебелина, астма, моторните проблеми кај децата и сексуалната дисфункција кај мажите.

 –  Добро е што проценетото ниво на контаминација преку храната сега е побезбедно, што не беше случај во претходните студии – додава тој.

Ова се неколку негови предлози за тоа како да се намали изложеноста на фталати:

 1. Јадете помалку млечни производи и свинско месо

Во текот на овие студии, оваа храна имала највисоко ниво на загадување. Ова би можело да се должи на  пластичната амбалажа, најчесто на месото.

2. Не користете ги или ограничете ја употребата на пластични садови Наместо пластични чаши и кутии за чување храна, користете стаклени шишиња.  И, се разбира, никогаш не загревајте ја храната во микробранова печка во пластични садови.

3. Купувајте свежа риба и месо од месарница, не веќе спакувани во пластика

Интересно е дека говедското е месото кое имаше најниска концентрација на фталати во однос на останатите 72 различни намирници кои биле тестирани.

4. Пијте вода од чешма, а ако ја купувате во пластични шишиња, изберете подобра пластика

–          Ако на дното на шишето за рециклирање ги видите броевите 3 или 7, вратете ги  назад. Овие видови пластика веројатно содржат фталати – предупредува д-р Окнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top