Утре (1 март 2016) е единствената проекција и премиерното прикажување на документарниот филм „Штрајф – Едно пеколно возење” во Македонија, кое ќе се одржи во киното Фросина (Младински културен центар), со почеток од 20 часот.
–Ако се сомневаш во себе дури и малку, спакувај си ги скиите и оди си дома – рече Макс Франц.
–Првиот пат кога бев на почетокот во Кицбил бев многу исплашен… всушност сакав да се повлечам назад од куќичката за старт и да се симнам надолу со гондолата, вели – Дидиер Кух.
На 1 март во киното Фросина ќе биде проектирана премиерата нa филмот „Штрајф – Едно пеколно возење“ кој ја разработува приказната за една од најстрашните патеки за спуст во светот, а покрај филмот ќе се одржат и уште неколку презентации поврзани со скијањето кај нас. „Штрајф – Едно пеколно возење“ е наменет за сите љубители на планинскиот филм, адреналинот, борбата, брзините, скијањето и зимските спортови. Предизвикувачки и инспиративен документарен филм за вистинските животи на ѕвездите од Светскиот куп во Алпско скијање, нивните стории за борба со стравот, болките, страдањата и желбата за победа, патот до врвот…
STREIF е добитник на ROMY наградата за најдобар докуемнтарен филм во 2015-та година. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка. Затоа не ја пропуштајте оваа несекојдневна прилика да ја погледнете премиерата на овој возбудлив документарен филм во Скопје!
За филмот:
Цели 75 години традиционалната трка Ханенкам во Кицбил, Австрија, произведува незаборавни триумфи и трагедии со големи емотивни болки, наследство кое е полно со митови и легенди. Никаде на друго место скијањето не се прославува толку интензивно. „Штрајф – едно пеколно возење“ сликовито го споделува овој значаен повод, заедно со самите подготовки. Ова е документарен филм за ултимативниот ски натпревар!
Филмот ги следи протагонистите во текот на дванаесет емотивно набиени месеци во кој сè се врти околу врховната дисциплина на ски трките, спустот, во неговиот најозлогласен и најславен облик. Страста и неизвесност се интензивираат, а резултатот – дали победа, пораз или несреќа – е неизвесен до самиот крај. Интензивната активност е прекината само со речиси неподносливата минута молчење пред секој од тркачите да се впушти во својата трка.
Бајковитиот тиролски град Кицбил врие од енергија откако трката во 2013 година завршува со весела забава. И тоа со добра причина: никаде на друго место елитните скијачи не се толку среќни што се вратиле од трката во еден дел. За нив падината за спуст Шрајф на планината Ханенкам е врвен предизвик кој може да се завладее само со совршена техника и извонредна храброст.
Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=uMAlRaBxw4M
Фејсбук настан: https://www.facebook.com/events/956349411127939/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура