| четврток, 6 декември 2018 |

Производите на „Витаминка“ на саем во Солун

Целосната производна програма на „Витаминка“, кекси, чоколадна програма, флипсови, пудинзи и додатоци за храна беа изложени на Меѓународниот саем за храна Артозима, во Солун. Значењето на овој саем лежи во неговата цел – да одговори на растечката потреба од воспоставување на канали за соработка меѓу компаниите од соседните земји низ целиот Балкан.

-Иако „Витаминка“ како производител на широко портфолио е веќе позната и присутна во соседна Грција и голем дел од балканските земји, сепак, учеството на саемот ни понуди и ни отвори уште многу можности за зголемување на нашите пазари и широка распространетост на нашите производи. Овој саем е еден од ретките кои покрај производителите излагачи, по принципот на претходно договорени состаноци и презентации, го обезбедува присуството и на стотици трговци и сопственици на малопродажни ланци речиси од цела Европа, па дури и од Кина и Кореја. Тоа се непроценливи деловни контакти и бизнис-соработка за сите компании присутни на Артозима“-  изјави Љупчо Велески, директор на секторот за извоз на „Витаминка“, која за прв пат годинава учествува на овој саем.

Vitaminka na saem vo Solun (1)

Саемот Артозима оваа година се одржа првпат по пауза од шест години и неговото враќање е токму одговор на потребата на балканските компании за поврзување и за развивање на соработка со компании од централноевропските земји. Во прилог на тоа, саемот беше дополнет со многу содржини организирани во соработка со значајни меѓународни организации со цел привлекување на посетители надвор од Грција, градење партнерство и деловни контакти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top