| четврток, 6 декември 2018 |

Утре е ден Д за изборите во САД: Супервторникот ќе ги покаже фаворитите

izbori sadНајголемата битка за делегати почнува утре кога за партиски претседателски кандидат ќе се гласа во 14 сојузни држави во САД.

Супервторникот, како што се нарекува овој настан е, можеби, првиот сериозен тест за претендентите во Белата куќа. Колку е сурово и скапо водењето национална кампања го отсликува токму супервторникот кој ќе ги исфрли фаворитите.

Зошто е важен супервторникот?

Бројките јасно покажуваат колку овој ден е значаен во календарот на внатрепартиските избори. Имено, на демократскиот кандидат му се неопходни 2.382 делегати за да освои национална номинација. На супервторникот“ имаат шанса да добијат дури 1017 делегати и со тоа практично да си ја осигураат претседателската кандидатура. Во спротивниот табор, републиканците се борат за 595 делегати, а за да влезат во изборна трка неопходни им се 1.237 делегати.

Кој ќе гласа утре?

Во супервторникот се гласа во Алабама, Алјаска, Арканзас, Колорадо, Џорџија, Масачусетс, Минесота, Оклахома, Тенеси, Вермонт, Вирџинија и Вајоминг, тие утре ќе одлучат кому ќе дадат поддршка. Најинтересен е Тексас поради бројот на делегати (55 за републиканците и 252 за демократите), а станува збор за домот на сенаторот Том Круз.

Какви им се шансите?

По победата во Невада Доналд Трамп доби ветер во грбот и очекува добри вести од супервторникот.

– Сега победуваме, победуваме, победуваме. Наскоро нашата земја ќе почне да победува, победува, победува – рекол Трамп.

Најблизок партиски конкурент му е Тед Круз, кој сам вели дека е единствената алтернатива на Трамп меѓу конзервативците. Тој многу веројатно ќе победи во Тексас, додека сенаторот од Флорида Марко Рубио може да му ги помати плановите на милијардерот на југот.

Кај демократите малку е покомпликувано затоа што разликата меѓу Хилари Клинтон и Берни Сандерс е многу тесна. Сепак, аналитичарите тврдат дека Сандерс не може да се носи со машинеријата на Хилари и со поддршката на демократскиот естаблишмент. Парите играат огромна улога, а сенаторот од Вермонт не е во состојба да води кампања во десет држави паралелно. Што се однесува до гласачкото тело, Хилари цели на латинскоамериканската и на афроамериканската популација, постарите и конзервативни гласачи, додека Сандерс поддршката ја добива од младите и жените.

– Го нападнавме политичкиот естаблишмент, го нападнавме медиумскиот естаблишмент, нашиот замав расте секој ден – рекол Сандерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top