Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека им наредил на министрите за внатрешни работи и за одбрана да започнат да подготвуваат ограда по границата со Романија, за да им попречат на мигрантите да влезат, јави БТА.
Минатата година Унгарија изгради ограда по границите со Србија и со Хрватска, за да го отстрани мигрантскиот прилив.
Орбан уште изјави дека вината за европската миграциска криза треба да се бара во бирократите на ЕУ и германската култура на гостопримство кон бегалците.
Премиерот го критикува и планот на Унијата за прераспределба на над 100.000 мигранти меѓу 28-те земји членки, како што рече Брисел се стреми да создаде „задолжителен, траен и продолжителен систем за прераспределба“ на мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.