Послаб земјотрес бил почувствуван во недела напладне чиј епицентар се наоѓал на 130 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил регистриран во 12 часот и 17 минути, а бил почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.