| четврток, 6 декември 2018 |

Мето Јовановски: Креативноста никогаш не умира

Омаж на личност, Мето Јовановски

Не би сакал да размислувам дека креативноста на човек е само кога е млад. Креативноста на човек е додека е жив, до последниот момент од неговиот живот – смета легендата на македонското актерство, Мето Јовановски. Разгледувајќи ги фотографиите од неговата кариера, тој се присети на сите пријатни и непријатни моменти во актерскиот живот.

Јовановски како Доротеј

Јовановски како Доротеј

Сепак креативноста е таа која го водела низ годините, креативноста е таа која прави и денес да биде присутен на тетатарската и филмската сцена. Но главно во поранешните југословенски земји.

-Целокупното живеење може да биде инспирација цел живот, така што, посебно за актер важи едно правило – додека има човек што да каже, додека е креативен треба да биде активен на сцената. Пензионирањето е легитимирање затоа што се уште сме социјалистичко општество. Во Америка не можете да слушнете дека некој познат актер оди во пензија – вели Јовановски.

Мето Јовановски на 18 години

Мето Јовановски на 18 години

Мето Јовановски

Роден: 1946 година во с. Панчарево, Беровско.

Образование: Театарска академија во Софија, Бугарија (1971)

Поважни театарски улоги:
Плетикоса – Болен Дојчин, Вујко Вања – Вујко Вања, Јане Задрогаз – Јане Задрогаз, Хамлет – Хамлет од Шекспир, Еригон – Еригон, Варга – Празник на правдата, Симон – Диво месо,  Бранко – Карамазови, Цибра – Тетовирани души, Дробац – Патувачки театар Шопаловиќ, Проколнатиот пејач – Проколнатиот пејач, Порифириј – Злосторство и казна, Бесемјонов – Малограѓани, Црногорско народно позориште; Галеб од А. Чехов, Мачка на вжештен лимен кров, Лет во место, Момо – Комшилук наопаку, Мартин – Коза, или Која е Силвија?

meto jovanovski so kerkite500

Јовановски со ќерките

Поважни филмски улоги:
Црни – Бели, бели свет,  Србија, 2009, Гаго – Гола кожа, Сараево, 2008,  Димче-ело гори ….Србија, 2008, Таткото на Вида – Као рани мраз – Нови Сад, 2008, Отец Андреј – Тајната книга, Лем – Големата вода, Авдија – Стршлен, Доктор – Ливада, Феликс, Агим – Нечиста крв, Атанасие – Ангели на отпад, Пред дождот, Оџа – Македонска сага, Јевреји долазе, Илко – Тетовирање, Заминувањето од Пасквелија, Осамениот – Опстанок, Режисерот – За сега без добар наслов Штуц – Трст виа Скопје, Хај –Фај, Драгослав Ковачевски – Среќна Нова `49, Љубовникот – Комедијанти, Црвениот коњ, Доротеј, Најдолгиот пат, Нели ти реков, Сослушувањето на железничарот, Најдолгиот пат, Колнати сме Ирина, Кукла

sinot na ruli osman angeli na otpad

Во Ангели на отпад

Награди:
Јовановски има освоено повеќе награди во земјата, како и награди надвор од земјата – Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), два пати за улогите во „Еригон“ и „Карамазовиж, Две Гранд-при на Фестивалот

Во времето кога го играше Хамлет

Во времето кога го играше Хамлет

во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“ Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмски фестивал во Ниш; Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања; Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност, Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки во режија на Паоло Маџели работена во Црногорско народно позориште; Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит, 2008.

Мето Јовановски во босанскиот филм Настојување

Мето Јовановски во босанскиот филм Настојување

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top