Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
денес, во 12 часот и 17 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 км југоисточно од Скопје.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.