Мирјета Бајрамовска го предводеше Крим Меркатор во победата над Кристијансанд со 30-20 во реванш натпреварот од четвртфиналето во КПК. Со овој триумф словенечкиот тим обезбеди пласман во полуфиналето од КПК во кое ќе игра против екипата на Лада.
Крим Меркатор загуби на првиот натпревар со Кристијансанд (29-27), но во реваншот брзо ја анулира негативата и со сигурна победа обезбеди место меѓу четирите најдобри екипи во оваа конкуренција. По извонредното издание на гостувањето во Норвешка, популарната „Мирче“ одново беше најефикасна во составот на Крим, овој пат со шест погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.