Анегдотите постојат за да можеме од нив да извлечеме корисни поуки.
Тајната на една жена која целиот живот ја криела од сопругот е резултат на советот кој го добила додека се уште била девојка. Мажот и жената биле во брак цели 60 години. Никогаш немале тајни кои ги криеле еден од друг. Постоела само една картонска кутија која жената ја држела на врвот на орманот и за која му кажала на сопругот никогаш да не ј отвора и да не поставува прашања.
Сите тие години мажот никогаш не прашал за кутијата додека еден ден жената не се разболела,а лекарите и кажале дека нема да закрепне.
Го замолила сопругот да ја симне од орманот кутијата и да и ја донесе во постела. Сметала дека е вистинско време тој да дознае што се наоѓа во кутијата.
Во кутијата се наоѓале две крпени кукли и свиток од банкноти. По пребројувањето искочило дека во кутијата имало 95 000 долари.
Сопругот ја прашал што значи сето тоа, а таа му одговорила: „Кога бев малечка мојата баба ми ја кажа тајната на успешниот брак. Ми кажа дека секој пат кога ќе ме налутиш јас треба да молчам и да направам малечка крпена кукла“.
Мажот се расплакал бидејќи во кутијата имало само две крпени кукли па тој претпоставил дека неговата жена во целиот брак само два пати била лута на него.
-Многу сум среќен дека гледам само две кукли, но мила од каде сите овие пари:- ја прашал старицата.
-А тоа! Па тоа се парите кои ги заработив од продажбата на крпените кукли – одговорила жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.